среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 136
home Вести

Фатална жена: Му пратила на поранешното момче фотографија од љубовникот, а потоа следуваше хорор (ФОТО)

Фатална жена: Му пратила на поранешното момче фотографија од љубовникот, а потоа следуваше хорор (ФОТО)

29-годишната Сара Брамли, признала дека го поттикнала своето поранешно момче на насилство, кое извршило убиство, така што му пратила фотографија од сексот со новиот љубовник.

Судот во Англија ја смета Брамли за виновна за “поттикнување или помагање во извршување на тоа кривично дело”.

Имено, таа, во филмски манир, на своето поранешно момче Дејвид Сандерс му пратила фотографија од секс со новото момче, Мајкл Лавсон.

Многу кратко откако ја добил фотографијата, Сандерс ја изгубил контролата и од љубомора со кујнски нож го забодел Лавсон во срце, инаку татко на едно дете. Лавсон умрел од еден убод, а Сандерс поради убиството доби доживотна казна затвор, со минимално траење од 22 и пол години.

По сексот со Лавсон и откако му ја пратила фотографијата на Сандерс, Брамли, наводно го нападнала Лавсон физички и му наредила да ја напушти куќата.

-Само што го удрив момчето, бидејќи не сакаше да си оди дома. Во што се вплеткав?, му напишала Сара во пораката на Сандерс и му кажала дека Лавсон е надвор од куќата и слободно може да го “претепа”.

Сандерс го признал убиството и се обидел да го намали траењето на казната тврдејќи дека не понел со себе нож и дека немал намера да го убие Лавсон. На Брамли и била одобрена кауција, а и се закануваат шест месеци затвор.

Коронавирус