петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 49
home Вести

Фармацевт ширел смртоносна епидемија, сега заврши во затвор

Истрагата утврди дека инфекцијата потекнала од контаминирани стероиди, кои најчесто им се даваат на луѓето со болки во грбот.
Фармацевт ширел смртоносна епидемија, сега заврши во затвор

Фармацевтот Глен Чин е осуден на осум години затвор поради својата улога во смртоносната епидемија на менингитис во 2012 година. Таа се смета за најголема криза на јавното здравје во поновата историја на САД, со оглед на тоа што од менингитис починаа 76 лица, а околу 800 заболеа.

Истрагата утврди дека инфекцијата потекнала од контаминирани стероиди, кои најчесто им се даваат на луѓето со болки во грбот.

Обвинителите бараа казна од 35 години затвор, додека одбрана инсистираше на три години.

Чин во октомври беше ослободен од обвиненијата за убиство без предумисла, што ќе му донесеше доживотна казна.

Тој беше обвинет за смртта на 25 лица во седум американски држави, а за време на судењето обвинителите го претставија како човек кој ги заобиколувал прописите и ги игнорирал знаците дека методите за производство на лекови не се безбедни, а со цел зголемено производство и профит.

Ко-основачот на фирмата во која работел Чин, Бери Кеден служи девет години затвор поради улогата во епидемијата, откако е осуден за измама и завера, но и тој е ослободен од обвиненијата за убиство.  (МИА)

Коронавирус