четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 99
home Вести

Фајзер очекува годишен приход од 54 милијарди долари

Фајзер очекува годишен приход од 54 милијарди долари

Американскиот фармацевтски гигант Фајзер ги потврди проценките за годишните приходи од вакцината и таблетите против Ковид-19, првпат откако се пуштени во продажба.

Компанијата соопшти дека очекува 22 милијарди долари од продажбата на антивирусните апчиња Паксловид оваа година. Досега истакнаа дека оваа проценка се заснова само на мал дел од нивните производствени капацитети годинава.

Приходите од вакцината што ја изработија во соработка со германскиот БиоНТек треба да изнесуваат 32 милијарди долари, согласно сегашната прогноза.

Тие благо ја намалија прогнозата за овогодинешната приспособена добивка, од 6,35 до 6,55 – на 6,25 до 6,45 долари по акција, поради трошоците за аквизиции и клучните плаќања. Нивно вклучување во прогнозите од повеќе фармацевтски компании побарала Американската комисија за хартии од вредност.

Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла ја истакна зголемената побарувачка за Паксловид во САД во изминатиот период.

Коронавирус