понеделник, 12. април 2021. Вести денес: 110
home Вести

Евростат: Пандемијата го скратува очекуваниот животен век во ЕУ

Евростат: Пандемијата го скратува очекуваниот животен век во ЕУ

Пандемијата на Ковид-19 го прекина долгогодишниот раст на очекуваниот животен век и во повеќето земји-членки на ЕУ се очекува пократок животен век во 2020 година во споредба со 2019 година, објави денеска Евростат, заводот за статистика на Европската комисија.

Најголемо намалување на очекуваниот животен век при раѓање е забележано во Шпанија, 1,6 години помалку, потоа во Бугарија, 1,5 година, Литванија, Полска, Романија, 1,4 години помалку. Во Хрватска се очекува пократок животен век за 0,8 години, од 78,6 на 77,8 години.

Само во Данска и Финска се очекува малку подолг животен век од 0,1 година.

Во повеќето земји-членки, мажите се нешто повеќе погодени во однос на скратувањето на животниот век.

Очекуваниот животен век во моментот на раѓање постојано се зголемува во последните децении. Од 1960-тите, очекуваното траење на животниот век се зголемува во просек за две години во декада. Најновите податоци покажуваат дека има стагнација и пад во неколку земји-членки.

Коронавирус