сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 77
home Вести

Евростат: Французите читаат по две минути дневно, Австријците по – пет

Евростат: Французите читаат по две минути дневно, Австријците по – пет

Французите во просек читаат книги две минути дневно, Италијанците, Австријците и Романците пет минути, објави Европската статистичка служба по повод Светскиот ден на книгата што се одбележува денеска.

Естонците читаат во просек по 13 минути, Финците и Полјаците минута помалку, Унгарците 10 минути, се наведува во истражување спроведено меѓу 2008 и 2015 година во 15 држави од ЕУ, Норвешка, Србија и Турција.

Според Евростат, домаќинствата во ЕУ во 2016 година потрошиле повеќе од 90 милијарди евра или 1,1 отсто од вкупната потрошувачка на книги односно 0,6 отсто ДБП во ЕУ.

По жител, тоа е околу 200 евра за книги и весници.

Потрошувачката за книги, весници и пишан материјал е во пад од 1995 година кога за тоа биле издоени 1,8 отсто од вкупната потрошувачка на домаќинствата во ЕУ.

На книги најмногу трошат Словаците – 2,1 отсто, најмалку Бугарите и Грците  – по 0,6 отсто од вкупната потрошувачка по домаќинства.

Најмногу читатели има во Финска каде 16,8 отсто испитаници тврделе дека читањето книги им е една од активностите на кои посветуваат време. Следуваат Полска и Естонија со по 15 отсто „читетели“. Во Франција само 2,6 отсто испитаници посветуваат време на читање.

(Миа)

Коронавирус