петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 155
Во живо

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Лозово

home Вести

Европските земји ја намалуваат потрошувачката на гас

Европските земји ја намалуваат потрошувачката на гас

Индустрискиот сектор во Европа започна да ја намалува побарувачката за природен гас бидејќи рекордни цени го направија тој енергенс недостапен за многу корисници. Просечната потрошувачка во октомври беше 12 проценти помала отколку пред пандемијата, според податоците собрани од консултантската агенција со седиште во Париз, Engie EnergyScan.

Потрошувачката на гас веќе почна да опаѓа во септември, а потоа беше пет проценти помала отколку во истиот месец во 2019 година, јави Блумберг.

-Во индустрискиот сектор во Европа, постои тренд на намалена потрошувачка и побарувачка за гас, вели директорот на Engie EnergyScan, Жулиен Хоарау.

Според него, досега намалувањето на потрошувачката е најочигледно во Германија, Холандија и Велика Британија, но треба да почекаме неколку недели за да видиме дали навистина ќе биде така кога ќе се зголеми побарувачката во грејната сезона.

Непосредно пред почетокот на зимата, цените на природниот гас достигнаа рекордни нивоа. Одредени енергетски интензивни компании привремено престанаа да работат бидејќи нивното одржување станува прескапо. Кризата ги зафати и снабдувачите со енергија и влијае врз потрошувачите во Европа.

Референтниот договор за гас неодамна беше повлечен со надеж дека Русија ќе го зголеми износот на испораките. Сепак, цените на гасот се и понатаму четирипати повисоки.

-Високите цени може да го забават економското закрепнување во Европа, бидејќи одредени гранки на индустријата веќе се тешко погодени, заклучи Оаро.

Коронавирус