петок, 16. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

Европскиот суд за човекови права пресуди: Задолжителната вакцинација е легална!

Европскиот суд за човекови права пресуди: Задолжителната вакцинација е легална!
МИА

Европскиот суд за човекови права донесе денеска пресуда во која е наведено дека задолжителната вакцинација е легална и дека е можеби потребна во демократските општества.

Пресудата е донесена по повод жалбите на неколку чешки семејства поради задолжителната вакцинација на нивните деца, пренесува „Дојче Веле“.

Иако пресудата не се однесува директно на вакцината против коронавирусот, експертите веруваат дека таа би можела да има импликации и на таа вакцинација, посебно меѓу луѓето кои досега одбиваа да примат вакцина.

„Оваа пресуда ја зголемува можноста за задолжителна вакцинација под услови на моменталната епидемија на Ковид-19“, изјави Николас Хервју, правен експерт од Европскиот суд за човекови права за новинската агенција „АФП“.

Коронавирус