недела, 28. ноември 2021. Вести денес: 92
home Вести

Европскиот парламент подготвува тужба против ЕК

Европскиот парламент подготвува тужба против ЕК

Правниот тим на Европскиот парламент ќе подготви тужба против Европската комисија поради „пропустот“ да ги казни земјите кои го „кршат“ владеењето на правото.

Во соопштението објавено вчера, Парламентот наведува дека Комисијата требала да го искористи таканаречениот механизам за условување, ново тело кое и дава овластување на ЕУ да ги суспендира буџетските плаќања на земјите за одредени прекршувања на владеењето на правото.

-Земјите членки на ЕУ кои го прекршуваат владеењето на правото не треба да добиваат средства од ЕУ. Минатата година, Парламентот се бореше напорно за механизам кој ќе го обезбеди тоа. Сепак, досега Европската комисија не сакаше да користи, истакна во соопштението претседателот на Европарламентот. Давид Сасоли.

Тој додаде дека ако владеењето на правото е загрозено, „ЕУ мора да реагира“.

-Затоа, побарав од нашите правни служби да подготват тужба против Комисијата со цел да се обезбеди правилно спроведување на правилата на ЕУ, изјави Сасоли.

Во соопштението не се споменува ниту една држава за која се вели дека е во опасност од владеење на правото.

Меѓутоа, во приложеното писмо до правниот експерт Фреди Дрекслер, Сасоли сепак ги споменува Унгарија и Полска, двете земји кои се бореа против ЕУ поради наводите за демократски назадување.

Сасоли нагласи дека правните дејствија треба да почнат на 2 ноември, доколку Комисијата не преземе никакви активности.

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и полскиот премиер Матеуш Моравиецки се судрија во вторникот за време на парламентарната дебата околу тоа како Варшава упорно го оспорува владеењето на правото во ЕУ.

Расправата се фокусираше на неодамнешната пресуда на полскиот Уставен суд со која практично се прогласи дека националниот устав има предност во однос на законите на ЕУ.

Таа одлука во Брисел се смета за поткопување на основниот правен поредок на ЕУ. Сепак, Фон дер Лајен не најави нови конкретни чекори и покрај тоа што многумина во Европскиот парламент повикаа на употреба на новиот механизам. (МИА)

 

Коронавирус