четврток, 2. јули 2020. Вести денес: 100
МЕГА БОМБА

АУДИО: Објавена нова бомба за Заев – „Маме ќе им e*aм на сите што ќе влезат кај мене во коалиција“

home Вести

Европскиот парламент ја понуди својата зграда за болница

Европскиот парламент ја понуди својата зграда за болница

Европскиот парламент ги понуди на располагање на властите во Брисел својата зграда и превозните средства за помош во борбата против вирусот Ковид19.

Генералниот секретар на ЕП, Клаус Веле контактираше со властите во Брисел и им ги стави на располагање ресурсите на Парламентот.

Портпаролот на Европскиот парламент вели дека станува збор за една од нецентралните згради на Парламентот која би можела да биде преуредена во болница или за привремено сместување на луѓе на кои им е потребна помош.

Истовремено околу сто возила на Европскиот парламент, вклучително и камиони и возачи, можат да бидат искористени за транспорт на храна и медицинска опрема.

Парламентарни избори 2020