четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Европската унија ќе има вонреден самит на 25 и 26 февруари

Европската унија ќе има вонреден самит на 25 и 26 февруари

Шефовите на држави и влади на Европската унија (ЕУ) на 25 и 26 февруари ќе одржат вонреден онлајн самит посветен на здравството, одбраната и безбедноста, соопшти денеска Европскиот совет (ЕС).

Самитот ќе почне на 25 февруари со седница посветена на координација за Ковид-19, а на вториот ден ќе се дебатира за безбедноста и одбраната.

Дипломатски извори истакнаа дека на 25 февруари ќе се разговара за планот на Европска комисија до 2023 година да се формира нов орган Здравствена унија, која би била еквивалент на американското Тело за одговор при итна здравствена (Health Emergency Response Authority).

На самитот е предвидено да се дебатира и за трансатлантските односи по доаѓањето на власт на новиот претседател на САД, Џо Бајден, како и за односите на ЕУ со Турција и со Русија. (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија