недела, 5. јули 2020. Вести денес: 104
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Европската комисија препорачува ваучери за откажаните летови и патувања

Европската комисија препорачува ваучери за откажаните летови и патувања

Европските авио и туристички компании треба да понудат ваучери за патниците на летовите и туристичките патувања кои биле откажани поради коронавирусот, а кои би имале важност од најмалку 12 месеци, препорачува Европската комисија, со цел да ги охрабри патувањата и туризмот во Европа.

Препораките, што треба да бидат објавени утре, предвидуваат на патниците да им бидат понудени прифатливи ваучери за да не бараат целосна наплата, пренесуваат британските медиуми.

Земјите-членки на ЕУ побараа од Комисијата да го суспендира правилото според кое авиокомпаниите мора целосно да ги надоместат трошоците за откажаните летови поради пандемијата. Новите препораки не предвидуваат прекинување на ова правило, но нудат компромис за да му помогнат на секторот во оваа тешка криза.

Комисијата, исто така, ќе им препорача на земјите-членки да ги гарантираат овие ваучери во случај на инсолвентност на компанијата, се вели во документот.

Ваучерите треба да ги нудат истите услуги и правци, во случај на лет, и услови за патување како и оригиналната резервација.

Авиокомпаниите од цела Европа, вклучително и „Луфтханза“ и „Ер Франс-КЛМ“, побараа државна помош затоа што поради пандемијата мораше да ги заземјат своите огромни флоти.

Клиентите кои нема да користат ваучери автоматски ќе добијат поврат на средствата во рок од 14 дена од истекот на нивната важност.

Во случај на ваучери кои важат повеќе од една година, патниците треба да побараат целосна наплата во рок од 12 месеци од датумот на издавањето на ваучер, се вели во документот.

За да им помогне на најтешко погодените авиокомпании и туристичките компании, ЕУ исто така ги повикува организациите на потрошувачи и на патници на сите нивоа да ги охрабруват патниците да прифаќаат ваучери, место да бараат наплата.

Комисијата со ова не го суспендира законот за заштита на правата на патниците затоа што препораките не се правно обврзувачки. Ова значи дека потрошувачите се оние кои ќе решат дали да го прифатат ваучер или да побараат целосна наплата.

Парламентарни избори 2020