вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 147
home Вести

Европската комисија постигна договор со Moderna за набавка на вакцини

Европската комисија постигна договор со Moderna за набавка на вакцини

Европската комисија постигна договор со американската биотехнолошка компанија Moderna за набавка на нејзината вакцина против COVID-19, изјави денеска официјален претставник на ЕУ.

Минатата недела, Moderna соопшти дека нејзината експериментална вакцина е 94,5 проценти ефикасна во спречувањето на COVID-19, заснована врз привремени податоци од клиничка студија во доцна фаза.

Во август, Комисијата, која преговара со производители на вакцини во име на земјите-членки на ЕУ, соопшти дека се склучени прелиминарни разговори со Moderna со цел потпишување договор за испорака на 80 милиони дози од својата вакцина, со можност за купување на уште 80 милиони.

Коронавирус