понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 159
home Вести

Европол: Запленети сервери на пропагандни медиуми на ИД во Европа и во САД

Европол: Запленети сервери на пропагандни медиуми на ИД во Европа и во САД

Ширум Европа и Северна Америка, полицијата заплени сервери и податоци на пропагандни медиуми на ИД во заедничка операција на повеќе држави со цел пронаоѓање радикални исламисти и спречување таа група да шири свои пораки за насилства.

Операцијата претставува кулминација на напорите на полицијата почнати во крајот на 2015 година по координирани на пади на ИД во Париз кога беа убиени 130 луѓе, соопшти Европол.

Цел на полицијата беше новинската агенција Амак блиска до ИД, ал-Бајан радио како и сајтовите Халуму и Нашер.

– Операцијата нанесе голем удар врз капацитетите на ИД да шират онлајн пропаганда и радикализирање млади луѓе во Европа, наведе Европол.

Со операцијата раководеле белгиски обвинители и во неа учествувале полиции на САД, Канада, Британија, Франција, Холандија, Бугарија и Романија.

МИА

Коронавирус