понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 26
home Вести

Европарламентот повторно во функција по вчерашниот напад во Стразбур

Европарламентот повторно во функција по вчерашниот напад во Стразбур

Европскиот Парламент утрово продолжи нормално со работа по вчерашниот напад во центарот на градот.

-По вчерашниот тажен настан, ве информирам дека враќањето во Европскиот Парламент е безбедно и дека нормалните активности продолжуваат, напиша на Твитер портпаролот на ЕП, Хауме Дух.

Европскиот Парламент оваа недела е во пленарен состав во Стразбур. Повеќе стотини пратеници, асистенти, стажанти и новинари го полнат градот секој месец за време на пленарните седници. Зградата на Парламентот синоќа беше затворена, а луѓето спречени да излезат од неа.

Дваесет и девет годишен маж синоќа изврши напад на најголемиот европски Божиќен пазар во центарот на Стразбур, при што загинаа три лица, а 11 се повредени, од кои пет се во животна опасност. Напаѓачот е се уште во бегство. (МИА)

Коронавирус