понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 6
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Европа во паника: Уште четворица мртви од коронавирусот во Италија

Европа во паника: Уште четворица мртви од коронавирусот во Италија

Бројот на пациентите со коронавирусот што починаа во Италија денеска достигна 11, откако регионалните власти во Ломбардија потврдија уште четири смртни случаи.

Сите 11 луѓе починале од петокот, кога бројот на заразени почна да расте.

Анџело Борели, шеф на регионалната агенција за цивилна заштита, рече дека сите тројца што починале денеска биле постари лица, на 83, 84 и 91 година.

Властите велат дека бројот на заболените од вирусот во земјата се искачил на 322.

Во Тоскана се појавија првите два случаи, меѓу кои и еден во туристичката дестинација Фиренца, додека еден заразен е потврден и во Сицилија: турист од најпогодениот регион, Ломбардија.

Италија и нејзините соседи одлучија да не ги затвораат границите поради коронавирусот, зашто тоа би било непропорционална и неефикасна мерка, изјавија во вторникот нивните министри за здравство.

Одлуката била донесена на итен состанок во Рим за епидемијата на вирусот во Италија меѓу италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанза и неговите колеги од Австрија, Хрватска, Франција, Германија, Словенија и Швајцарија.

Според италијанското Министерство за здравство, над 4.100 лица се тестирани за вирусот.

Италија досега потврди повеќе случаи на вирусот ковид-19 од која било друга земја, освен Кина и Јужна Кореја, делумно поради големите напори да се тестираат илјадници луѓе за неколку дена.

Ширењето на вирусот ги наруши славните традиционални настани, меѓу кои и модната недела во Милано и карневалот во Венеција.

Во понеделникот вечер, министерот за спорт, Винченцо Спадафора, соопшти дека шест фудбалски натпревари во Серија А ќе се играат зад затворени врати.

Во Милано се откажани и оперите во познатата Ла Скала.

Мисите во црквите низ погодените региони се откажани, а погребите се ограничени само на најблиски роднини.

Парламентарни избори 2020