петок, 4. декември 2020. Вести денес: 82
home Вести

Европа во хаос поради коронавирусот, Чешка ги затвара училиштата, Италија блокирана, во Белгија расте бројот на заболени

Европа во хаос поради коронавирусот, Чешка ги затвара училиштата, Италија блокирана, во Белгија расте бројот на заболени

Како дел од новите мерки за спречување на ширењето на епидемијата на коронавирус, училиштата во Чешка ќе бидат затворени на неопределено време и ќе се забранат собири на повеќе на стотина луѓе, рече премиерот Андреј Бабиш.

Во Чешката Република досега се пријавени 40 случаи на коронавирус, а во повеќето случаи станува збор за луѓе кои престојувале во северна Италија, која е најтешко погодена во Европа.

„Нашата главна задача е здравјето на нашите граѓани. Разбираме дека тоа ќе биде непријатно, но сакаме да ги спречиме настаните од Италија на секој начин“, истакна Бабис на прес-конференција.

Официјални лица изјавија дека одлуката за новите мерки е донесена откако таксист од Прага заболел од вирусот и тоа е првиот случај на кој изворот на заразата не можел да биде утврден.

Со новите мерки од утре се затвораат училиштата и колеџите, но не и градинките. Забраните вклучуваат филмски, театарски, културни, спортски и верски собири.Чешката Република веќе забрани летови кон Италија и воведе задолжителен карантин за илјадници луѓе кои се враќале од одмор од оваа земја.

Коронавирус