четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 114
home Вести

Европа стави „катанец“?

Европа стави „катанец“?

Ниту една средоземна земја не сака мигрантите кои се спасени на море да ги прими во своите пристаништа. За хуманитарните организации тоа претставува голем проблем, пишува DW на српски јазик.

Италијанските, француските, шпанските и малтешките политичари се препираат околу тоа кој би требало да ги прими бродовите со бегалци спасени на Средноземното море.

Иако Малта на крајот прифати во нејзиното пристаниште да вплови германскиот брод „Лајфлајн“ со повеќе од 200 спасени мигранти, на тоа му претходеше агонија која траеше со денови. Бродот со денови луташе во Средоземното море чекајќи да вплови во кое било пристаниште во Европа.

Иако би можело да се стекне впечаток дека Италија ја заостри својата политика откако таму се популистите на власт, факт е дека таа земја уште во јануари оваа година се откажа од обврските за сите бегалци, побаратели на азил или мигранти кои се спасени во водите меѓу Италија и Либија и да ги прими на свое копно. Откако започна мандатот на новата гранична операција на Европската унија под називот „Темис“, таква обврска веќе не е предвидена. Тоа новиот десно-ориентациски министер за внатрешни работи на Италија, Матео Салвини без пардон го користи. Луѓето на спасувачките бродови тој и ги нарекува „месо“ и „товар“. „Ние сме господари во нашата сопствена куќа“, напиша Салвини на Твитер и предупреди дека добрите времиња за бегалските организации поминаа.

Таквите негови ставови не го изненадуваат Михаел Бушхојер, основач на спасувачката организација „Морско око“ од Регенсбург.

-Од март 2017. сите европски влади тргнуваат во иста насока, односно се борат против невладините организации. Ова сега е само продолжување на тоа, вели Бушхојер за DW. Во Италија се водеа и истраги против хуманитарни активисти, под обвинение дека соработувале со криумчари од Либија. Но тие се запрени поради недостаток на докази.

„Ние само ги спасуваме бродоломците“

Досега спасувањето и распоредот на бродоломците во Средоземното море ги координираше Центарот за спасување на настрадани на море во состав на италијанската воена морнарица. Тие во соработка со мисиите на ЕУ „Темис“ и „Софија“ спасија повеќе од половина од сите бродоломци.

-Во таа смисла ние не работиме ништо друго од она што го прават европските или американските бродови: спасуваме бродоломци. Тие постојани обвинувања и блокади тешко не погодуваат, нагласува Бушхојер.

Во склоп на мисиите на ЕУ кои би требало да и помогнат на италијанската крајбрежна стража, учествуваат 15 земји на ЕУ. Поради тоа не постои обвинение од министерот Салвини оти Италија е оставена сама со тој проблем.

Италијанскиот министер за одбрата Данило Тонинели засега ги демантира најавите на Салвини за затворање на пристаништата.

-Досега не дошло до никаква управна постапка на основа на која ќе се затвори некои пристаниште, а тоа е можно само во случај на заразни болести на некој брод или опасност од тероризам, напоменува Тонинели.

Европа ги затвора своите пристаништа

-Постои обврска за спасување на отворено море, објаснува Стефан Тал за DW, професор за приморски права од Бон, додавајќи дека она што потоа се случува не е толку јасно регулирано.

Правотот, додава, е регулирано само до тоа дека луѓето треба да се однесат на сигурно место.

-Италија не е прва земја која ги затвора своите пристаништа, ниту последна, вели основачот на организацијата „Морско око“ МИхаел Бушхојер.

Според него, другите средноземни земји веќе со години ги држат своите пристаништа затворени за хуманитарните бродови кои спасуваат бегалци.

-Ние и од земјите како Египет или Тунис исто така очекуваме да прифатат бегалци, активно да преземат улога во спасување луѓе и на одговорен начин да им помогнат така што не мораат да стравуваат за својот живот.

Политичарите од Европската унија дискутираат и за тоа што да прават за луѓето да се одвратат од тоа воопшто да тргнуваат на опасниот морски пат. Италија така со либиските власти, а најеверојатно и со водичите на тамошната полиција, се договорила дшто е можно повеќе мигранти да се задржат на либискиот брег, а Италија за возрат тоа да го плаќа. Освен тоа, Европската унија ја оружува либиската крајбрежна стража.

Се помалку во Италија, се повеќе во Шпанија

Таа мерка има ефект, наведува Меѓународната организација за мигранти (ИОМ). Бројот на бегалци кои оваа година преку Средоземното море стигнале до Италија се намали во првите шест месеци за 16.400. Во првите шест месеци имало 73.000.

Истовремено, пораснат е бројот на луѓе кои од Африка преку морскиот пат доаѓаат во Шпанија. Најмалку 635 луѓе оваа година се удавија на рутата меѓу Италија и Либија.

Досега, според меѓународните договори, Италја беше одговорна за спасување на луѓе кои доживеале бродолом на големото морско подрачје меѓу нејзиниот и либискиот брег. Но, како што може да се слушне од блиските на италијанската влада, тоа сега би требало да се промени. Либија би требало да преземе еден дел од одговорноста – да организира спасување и спасените луѓе да ги враќа на својата територија.

Коронавирус