недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 27
home Вести

Европа окована од сибирска зима: Температури и до -60, испораката на гас ги руши сите рекорди (ФОТО)

Европа окована од сибирска зима: Температури и до -60, испораката на гас ги руши сите рекорди (ФОТО)

Бранот сибирски студ кој изминативе денови ја зафати цела Европа и однесе досега 46 живот, предизвика поларни температури.

Ниските температури и снегот претставуваат голем проблем и во сообраќајот. Аеродромот во Женева е затворен денес поради студеното време.

Студеното време бран е причина за смрт на 18 лица во Полска, шест во Чешка, петмина во Литванија, четири во Франција и Словачка, двајца во Италија, Романија, Србија и Словенија и еден во Холандија. Во Естонија студот е причина за седум смртни случаи овој месец.  Од почетокот на студениот бран, животот го загубиле најмалку осум луѓе без постојано место на живееење – по тројца во Франција и Чешка и двајца во Италија.

Студениот бран, кој британските медиуми го нарекоа „Ѕверот од Истокот“, Холанѓаните – „Сибирска мечка“, Швеѓаните – „Снежен топ“, а во Франција е познат под називот „Москва-Париз“, најмногу го загрозува здравјето на најранливите категории жители, пред се бездомниците и постарите лица, но го попречува и сообраќајот.

Температурата во планинските делови на Хрватска и БиХ се спуштила до -21 степен, на северот од Германија измерени се -20, на југот од Полска -19, во околината на Лондон -10.

Во Швајцарија на 1.850 метри надморска висина измерени се -36 степени.

Поради силниот студ, руски Газпром објави дека за шест дена ги надминал сите рекорди на дневна испорака на гас во Европа. Само во понеделникот биле испорачани 666,8 милиони квадратни метри гас.

Австриски таблоид наградата за „најстудена работа во Австрија“ ја додели на Лудвиг Расер и Нирберт Даксбашер, вработени во метеоролошка станица на надморска висина од 3.109 метри , кои три пати дневно вршат мерења.

За сите мерења тие се изложени околу 1 час на минус 32 степени, а со источен ветер чувството на студ се движи околу -60 степени.

Коронавирус