сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 53
home Вести

Европа може да изгуби 100 милијарди евра поради „бавната“ вакцинација

Европа може да изгуби 100 милијарди евра поради „бавната“ вакцинација

Европската унија може да изгуби и до 100 милијарди евра поради загриженоста на инвеститорите за „бавното темпо“ на кампањите за вакцинација, јави Блумберг.

Како што забележува агенцијата, борбата против коронавирусот во Европа е побавна отколку што се очекуваше, што пак го забавува закрепнувањето на економијата, а со тоа и закрепнувањето на бизнисот.

Освен тоа, инвеститорите се загрижени и поради зголеменото ширеше на Ковид-19 во ЕУ, бидејќи тоа може да ги поткопа нивните стратегии, додаде агенцијата, повикувајќи се на изјави на претставници на „Блекрок Инвестмент“ и Банката на Америка.

– Европа мора да го забрза темпото на вакцинација ако сака да го победи вирусот. Во исто време (процесот на вакцинација) е отежнат од бирократијата и спротивставените изјави на властите, го цитира агенцијата Симу Шах, генералниот директор фондот за глобални инвеститори

Коронавирус