петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 23
home Вести

Еве колку ќе ви трае тоалетната хартија што ја изнакупивте од продавниците

Еве колку ќе ви трае тоалетната хартија што ја изнакупивте од продавниците

Еден досетлив програмер направил пилот-проект „Калкулатор за тоалетна хартија“ и сега можете точно да пресметате колку време ќе ви трае тоалетната хартија што ја донесовте од продавница во вашиот дом.

Општа тепачка за купување тоалетна хартија се случи откако коронавирусот нагло почна да се шири во земјава и во земјите од регионот. Па така, еден досетлив програмер направил пилот-проект „Калкулатор за тоалетна хартија“ и сега можете точно да пресметате колку време ќе ви трае тоалетната хартија што ја донесовте од продавница во вашиот дом.

Да речеме дека сте четиричлено семејство, па доколку одите во тоалет 20 пати дневно (а сигурно не одите толку често), и доколку сте купиле само два пакета тоалетна хартија со по 20 ролни (а веројатно сте купиле повеќе), таа залиха ќе ви трае 10 дена. Ако пак, речеме дека во тоалет одите 10 пати во текот на денот, тогаш хартијата ќе ви трае 20 дена.

Пресметките може самите да си ги направите ТУКА.

Коронавирус