понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 126
home Вести

Еве колкава е бројката на починати лица во светот од корнавирус до денеска

Еве колкава е бројката на починати лица во светот од корнавирус до денеска

Од последици на коронавирусот до денеска во светот умреле 2.227.605 лица, додека заразени биле 102.788.810 лица, сооопшти денеска Франс прес за новиот биланс поврзан со пандемијата.

Од официјалниот број на заразени, досега 62.454.800 лица се сметаат за излекувани.

Експертите наведуваат дека бројот на официјално заразени не го одразува вистинскиот број на заразени, бидејќи многу земји тестираат само пациенти на кои им е потребно болничко лекување.

САД е најмногу погодената земја од заразата, откако во неа лани во февруари беше регистриран првиот смртен случај. Во оваа земја осега умреа 441.331 лице, а заразени се 26.187.424 лица.

После САД, земји со најголем број на смртни случаи се Бразил (224.504), Мексико (158.536), Индија (154.392) и Велика Британија (106.158). (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија