сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 30
home Вести

Еве која држава е клучна за победа и прогласување на победникот на изборите во САД

Еве која држава е клучна за победа и прогласување на победникот на изборите во САД

Иако во моментов на преборјување на гласовите од вчерашните избори во американската сојузна држава Пенсилванија актуелниот претседател Доналд Трамп има уверливо водство, сепак, и претседателскиот кандидат на демократите, Џо Бајден, има шанса за победа во оваа држава.

Според прогнозите, победата во оваа држава би била доволна Бајден да ги добие изборите.

Во моментов, Трамп во Пенсилванија води со значајна разлика од осум отсто. Меѓутоа, неизброени се над милион гласови, што претставува околу 21 отсто од вкупнииот број на гласови, наведува весникот „Њујорк тајмс“.

Најголем дел од овие се уште неизбројани гласови, се од „гласањето без присуство на гласачкото место“ или таканаречени „absentee ballots” – всушност тоа се гласачките ливчиња добиени по пошта, и набљудувачите сметаат дека овие гласови можат да го променат резултатот.

Така, во пет часот наутро по источноамериканско време Трамп во Пенсилванија беше во предност од 700.000 гласови, но во текот на следните часови, кога вработените на гласачките места се вратија по ноќната починка и го продолжија броењето, разликата се намали до околу 450.000 гласа, пресмета весникот „Вашингтон пост“.

Шансите на Бајден зависат од тоа дали тој може да добие голем дел од 1.4 милиони гласачки ливчиња испратени по пошта кои се уште се бројат. Според државниот секретар на Пенсилванија, тоа броење може да потрае и до петок.

Според анкетите, во Пенсилванија 78 отсто од сите кои гласале по пошта својот глас го дале за Бајден.

Пенсилванија е една од најгусто населените сојузни држави и дава 20 електорски гласа од изборниот колеџ. (МИА)

Коронавирус