сабота, 22. септември 2018. Вести денес: 53
home Вести

Евакуирани три града: Истекување на гас предизвика експлозии во САД, едно лице загина, голем број повредени (ВИДЕО)

Евакуирани три града: Истекување на гас предизвика експлозии во САД, едно лице загина, голем број повредени (ВИДЕО)

Најмалку едно лице загина и повеќе десетици се повредени во експлозии и пожари во три града северно од Бостон кои вчера вечер ги предизвика истекувањето на гас, соопштија денеска американските власти.

Повеќе стотици луѓе се евакуирани поради мирис на плин во Лоренс, Андвоер и Северен Андовер, во американската држава Масачусетс.

Во моментот на хаваријата на повеќе места во таа американска државата компанијата Колумбија гас правела работи за обезбедување на гасоводот.

Локалните медиуми јавуваат дека најмалку една куќа е уништена во експлозијата.

Властите најавија дека истражувачите денеска ќе излезат на терен како би се утврдила причината за истекувањето на гасот.