среда, 12. мај 2021. Вести денес: 1
home Вести

Евакуирани 15.000 луѓе поради ерупција на вулкан во Папуа Нова Гвинеја

Евакуирани 15.000 луѓе поради ерупција на вулкан во Папуа Нова Гвинеја

Поради ерупција на вулкан во Папуа Нова Гвинеја, 15.000 луѓе се евакуирани, соопштија денеска хуманитарните служби.

Како што пренесуваат светските агенции, дошло до ерупција на вулканот Улавун на островот Манам и засега нема податоци за евентуални повредени.

Меѓутоа, од ерупцијата се уништени куќи, плантажи и извори на вода, поради што локалното население остана без храна и вода.

Поради големи облаци од пепел, во прекин се и летовите на регионалните линии.

Коронавирус