среда, 2. декември 2020. Вести денес: 69
home Вести

Евакуиран Капитол хил: Авион влетал во забранетиот воздушен простор

Евакуиран Капитол хил: Авион влетал во забранетиот воздушен простор

Владините згради на Капитол хил во Вашингтон накратко биле евакуирани поради лет на мал авион над тоа подрачје.

Американските медиуми јавуваат дека зградата на американскиот Конгрес е евакуирана, а Белата куќа блокирана откако полицијата на Капитол хил издала известување за потенцијална закана нешто по 8:30 часот по локално време.

Евакуацијата е наредена поради претпазливост и траела околу половина час, а американската тајна служба соопшти дека на персоналот на Белата куќа му е кажано да остане во зградата.

Официјалните лица велат дека авионот ги повредил правата за летање во забранетиот воздушен простор.

Медиумите пренесуваат дека официјалните лица не успеале да воспостават комуникација со екипажот на авионот, како и дека на самото место на настанот се испратени борбени авиони.

Коронавирус