сабота, 23. март 2019. Вести денес: 42
home Вести

Евакуиран авион во Канада откако патниците се пожалиле на мачнини

Евакуиран авион во Канада откако патниците се пожалиле на мачнини

Канадските власти денеска соопштија дека петмина патници се префрлени во болница откако им се слошило на аеродромот во Квебек, непосредно пред полетувањето за Форт Лодердејл во американската држава Флорида.

Патниците се пожалиле дека имаат чуство на малаксаност, по што биле повикани пожарникари и авионот е евакуиран.

Аеродромот во Квебек соопшти дека 12 патници се пожалиле на потешкотии, од кои петмина се префрлени во болница со симптоми на повраќање, вртоглавица и печење во очите.

Се уште не е познато кои се причините за ваквите симптоми кај патниците.