петок, 5. март 2021. Вести денес: 119
home Вести

ЕВАКУАЦИЈА ВО ФАБРИКА НА АСТРАЗЕНЕКА – стигнал сомнителен пакет

ЕВАКУАЦИЈА ВО ФАБРИКА НА АСТРАЗЕНЕКА – стигнал сомнителен пакет

Евакуирана е фабриката на АстраЗенека во Велс каде се произведуваат и чуваат дози од вакцината против Ковид-19 поради сомнителен пакет што стигнал на нивна адреса, јави Би-Би-Си.

Во местото Вокхард се тимови на полицијата и на единица за деминирање.

Во таа фабрика се произведуваат до 300 милиони дози на вакцината годишно. Затворени се сите патишта околу фабриката.

Нема извештаи за повредени. (МИА)

Коронавирус