петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 175
Во живо

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Свети Николе

home Вести

Евакуација на Ла Палма поради лавата од вулканот Кумбре Виеја

Евакуација на Ла Палма поради лавата од вулканот Кумбре Виеја

На околу 800 жители на шпанскиот остров Ла Палма вчера им беше наредено да се евакуираат поради напредувањето на лавата од вулканот Кумбре Виеја.

Поради ерупцијата на вулканот Кумбре Виеја, што трае од 19 септември евакуирани се речиси 7.000 луѓе. Лавата уништи речиси 600 хектари земјиште и над 1.200 куќи. На Ла Палма живеат 85.000 жители.

Тоа е трета ерупција на вулкан на Ла Палма, во 1949 година еруптираше вулканот Сан Хуан, а во 1971 година вулканот Тенегуи.

Коронавирус