петок, 4. декември 2020. Вести денес: 61
home Вести

ЕУ задоцни со помошта за Италија во најкритичните мигови, денес им се извинуваат

ЕУ задоцни со помошта за Италија во најкритичните мигови, денес им се извинуваат

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен и се извини на Италија поради задоцнетата реакција на Европската Унија за здравствената криза, јави дописничката на МИА од Брисел.

-Ви се извинувам, од сѐ срце сме со вас, напиша Фон дер Лајен во отворено писмо објавено денеска во италијанските медиуми.

Таа додава дека „денеска ЕУ се мобилизира за Италија, но тоа не беше секогаш случај“.

Шефовите на држави и влади на ЕУ на минатонеделниот самит не успеаја да постигнат компромис за обединет и силен одговор пред социјалната и економската криза, која ќе произлезе од здравствената. Европските лидери се поделија на јужните земји, заедно со Франција, кои бараат таканаречени европски „коронаобврзници“ за да им се помогне на најпогодените земји, и од друга страна северните земји, заедно со Холандија и Германија кои се против.

– Треба да признаеме дека на почетокот на кризата, пред потребата од заеднички европски одговор, многумина мислеа само на своите национални проблеми, напиша Фон дер Лајен. (МИА)

Коронавирус