сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 84
home Вести

ЕУ воведува построг надзор над продажбата на средства за производство на експлозив

ЕУ воведува построг надзор над продажбата на средства за производство на експлозив

Амбасадорите од ЕУ денеска се договорија за воведување построг надзор над пристапот до состојките за производство на експлозиви, објави Советот на ЕУ.

Претставниците на земјите-членки на ЕУ се согласија за построги правила за пристап, снабдување, поседување и употреба на овие состојки.

Во соопштението од Советот на ЕУ се појаснува дека состојките се хемиски супстанции кои имаат легитимна примена, но можат да бидат злоупотребени за производство на рачноизбработени експлозивни направи. Со новите правила ќе се ограничи пристапот до таквите материјали и ќе се воведе можност за информирање за сомнителни набавки.

Се предвидува однапред да има состојки кои ќе бидат „ограничени“ и кои нема да можат да се набавуваат или поседуваат од страна на регуларните купувачи над одредена концентрација и „регулирани“, за кои продавачите ќе можат да ги известат надлежни служби во случај на сомнителна набавка.

ПО денешниот договор, неопходно е да се обезбеди поддршка во Европскиот парламент, а правилата ќе стапат во сила две години откако ќе ја добијат поддршката на европратениците.

МИА

Коронавирус