понеделник, 13. јули 2020. Вести денес: 108
home Вести

ЕУ воведе санкции кон Иранци поради тероризам

ЕУ воведе санкции кон Иранци поради тероризам

Министрите на ЕУ вчера, без дебата, додадоа двајца Иранци и еден ирански ентитет на терористичката листа на Унијата.

Советот на ЕУ соопшти дека санкциите стапуваат во сила од денеска и се однесуваат на истите лица кои неодамна беа санкционирани на национално ниво во Франција.

Според информациите на „Агенција Европа“, станува збор за иранскиот дипломат Асадолах Асади и Саид Хашеми Могадам, а ентитетот е Дирекцијата за внатрешната безбедност на Министерството за разузнавање на Иран.

Овие санкции се поврзани за обидот за терористички напад во францускиот град Вилепент во август минатата година.

– Ова е важен ден за надворешната европска политика! ЕУ само што усвои санкции кон иранска служба за разунавање поради заговор за убиство на европска територија. Ова е силен сигнал од ЕУ дека нема да прифатиме такво однесување во Европа, напиша вчера на Твитет данскиот министер за надворешни работи Андерс Самуелсен, чија земја исто така успеа да разоткрие терористички планови на нејзина територија.

МИА