вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 202
home Вести

ЕУ утре напладне ги затвора границите поради коронавирусот

ЕУ утре напладне ги затвора границите поради коронавирусот

Челниците на Европската Унија вечерва донесоа одлука се затвораат границите од земјите од Шенген зона со цел да се спречи понатамошно ширење на вирусот.

Европската унија ги затвора своите надворешни граници.Влегувањето во ЕУ ќе биде забрането и ќе трае најмалку 30 дена.

Оваа досега невидена мерка е донесена вечерва на видео самитот на лидерите на ЕУ.

Мерката се однесува на земјите од ЕУ, како и на Исланд, Норвешка и Швајцарија, а ќе се применува утре напладне.

Одлуката се носи во моменти кога членките на Унијата, како Шпанија и Италија бројат се поголем број на заболени, но и починати… Србија вечерва воведе и полициски час .

За последниот развој на ситуацијата со вирусот во Европа, но и светот од јавување на Јован Ѓорговски.

Коронавирус