сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

ЕУ со ограничувања за високоризичните доставувачи на 5G опрема

ЕУ со ограничувања за високоризичните доставувачи на 5G опрема

Членките на Европската унија можат да ги ограничат или исклучат високоризичните снабдувачите со 5G опрема од главните делови на нивните телекомуникациски мрежи, покажуваат новите упатства на ЕУ.

Необврзувачките препораки наведени во документ на ЕУ, се дел од пакетот мерки за решавање на ризиците од кибер-безбедност на национално и на ниво на ЕУ, особено во врска со загриженоста за Хуавеи, иако не е идентификувано во упатствата – ниту која било земја или компанија.

Упатството со насоки што е утврдено од земјите-членки на ЕУ, предупредува на ризик од мешање на трета земја во синџирот на снабдување со технологија за 5G, како и за ризик од зависност од само еден снабдувач, за да се оправда преземањето на таква тврда линија.

Земјите на ЕУ треба да го проценат профилот на снабдувачот од аспект за ризик на национално или на ниво на ЕУ и да наметнат ограничувања на добавувачите со висок ризик, вклучувајќи ги и неопходните исклучувања за ефикасно намалување на ризиците за клучниот имот, се наведува во документот.

Коронавирус