недела, 25. јули 2021. Вести денес: 95
home Вести

ЕУ со економски санкции против Белорусија

ЕУ со економски санкции против Белорусија

Европската унија денеска постигна технички договор за воведување економски санкции против Белорусија откако Австрија ги повлече своите приговори, а со кои, покрај останатото, се предвидува и забрана за нови кредити за таа земја, објавија западните медиуми, повикувајќи се на дипломатски извори.

Потребно е договорот да го одобрат и политичките структури, а експертите задолжени за составување на санкциите предвиделе забрана за извоз на каква било комуникациска опрема и оружје во Белорусија.

Исто така, е договорено ЕУ да го ограничи купувањето на тутунски производи, нафта и нафтени деривати од Белорусија, како и забрана за увоз на калиум, кој има голем удел во белорускиот извоз.

Коронавирус