петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 18
home Вести

ЕУ основа тело за сузбивање на перење пари

ЕУ основа тело за сузбивање на перење пари

Европската унија ќе формира централно тело за борба против активности на перење пари, по низата скандали со висок профил, кои укажаа на слабостите на Европа во спречувањето на протокот на „валкани пари“ преку нејзините банки. Министрите за финансии на блокот се очекува официјално да ја овластат Европската комисија да даде препораки за ново „независно“ извршно тело со „директни овластувања“, се вели во нацрт-изјавата, што треба да биде одобрена на состанок во декември.

Мисијата на телото е да биде полициска финансиска институција во согласност со правилата на ЕУ за длабоки проверки на купувчи и други гаранции.

Најгласни во застапувањето за ново тело за да се избегнат нови кризи се Франција и Холандија.

Европа ја погодија неколку скандали, од кои најголемата беше перење 30 милијарди евра руски пари од Данска банка.