понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 148
home Вести

ЕУ одговори на барањето на Чешка, испрати 150 респиратори

ЕУ одговори на барањето на Чешка, испрати 150 респиратори
илустрација

Европската унија и обезбеди на Чешка 150 респиратори за помош во борбата против вториот бран на Ковид-19.

Респираторите се од заедничките резерви на ЕУ (30), Австрија (15) и Холандија (105).

Како најсериозно погодена земја од вториот бран на коронавирус во Европа, Чешка побара помош преку механизмот за цивилна заштита на ЕУ.

Во текот на претходната недела, покрај 150 респиратори, во Чешка беа испорачани 620.000 заштитни маски и 50.000 заштитни одела.

Во последните две недели, Чешка има 1.148,5 заразени и девет смртни случаи на 100.000 луѓе.

На второ место во Европа е Белгија со 1.019,8 заразени и четири смртни случаи на 100.000 граѓани. (МИА)

Коронавирус