петок, 26. ноември 2021. Вести денес: 152
home Вести

ЕУ обезбеди повеќе од 16 милијарди евра помош за Украина

ЕУ обезбеди повеќе од 16 милијарди евра помош за Украина

Европската Унија од 2014 година обезбеди повеќе од 16 милијарди евра помош за Украина за да го поддржи нејзиниот економски развој и да ја надомести загубата на Крим, изјави денеска претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, за време на неговиот говор во т.н. Кримска платформа, чија имплементација организаторите ја пренесуваат онлајн.

– Во рамките на нашиот сеопфатен договор за асоцијација од 2014 година, ние веќе обезбедивме 16 милијарди евра за Украина, рече тој.

Оваа сума вклучува средства за поддршка на украинските региони што граничат со Крим, кои настрадаа по прекинот на контактите со полуостровот.

Во септември 2020 година, претседателот на Украина Володимир Зеленски во својот говор пред Генералното собрание на ОН објави план за формирање на Кримската платформа. Според планот на Киев, иницијативата треба да стане платформа „за координирање на меѓународните напори насочени кон враќање на Крим во Украина“.

Средбата првично беше планирана за мај оваа година, но неизвесноста околу учесниците предизвика настанот да се одложи за август. Како резултат на тоа, како што објавија организаторите, претставници од околу 40 земји и меѓународни организации се согласија да присуствуваат. Повеќето европски земји испратија во Киен министри за надворешни работи или за одбрана.

Балтичките држави, како и Полска, Унгарија, Молдавија, Словенија и Финска, ќе бидат претставени на претседателско ниво, а се очекува да присуствуваат и претставници на ЕУ и НАТО. Соединетите Американски Држави ќе го делегираат министерот за енергетика, а Германија, исто така, на форумот ќе биде претставена од министерот за енергетика, наместо од министерот за надворешни работи. Од Турција на средбата ќе учествува министерот за надворешни работи.

Според рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, форумот ќе стане настан на кој „Западот ќе продолжи да ги подгрева неонацистичките и расистички чувства на актуелната украинска влада“. Портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова истакна дека Москва ќе ги земе предвид позициите на земјите учеснички и ќе ги извлече соодветните заклучоци.

Коронавирус