вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 109
home Вести

ЕУ мора да размисли за задолжително вакцинирање против коронавирусот

ЕУ мора да размисли за задолжително вакцинирање против коронавирусот

Европската Унија мора да размисли за воведување на задолжително вакцинирање против ковид-19 како одговор на ширењето на новиот сој омикрон, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Ова следува откако Грција најави дека од 16 јануари, со 100 евра месечно ќе ги казнува лицата над 60 години кои одбиваат да се вакцинираат.

„Поради ширењето на вирусот и слабата вакцинација во некои делови од ЕУ, задолжителното вакцинирање мора да се има предвид. Имаме вакцини, вакцини кои спасуваат животи, но тие не се користат адекватно секаде. Тоа си доаѓа со енормна цена по здравствените системи“, кажа Фон дер Лајен.

Според последните бројки, 77% од возрасното население во ЕУ е вакцинирано, односно 66% од целата популација.

„Тоа значи дека една третина од популацијата во ЕУ не е вакцинирана. Тоа се околу 150 милиони луѓе, што е многу. Знам дека не можат сите да се вакцинираат, но големо мнозинство би можело. Мислам дека е разбирливо и соодветно да почнеме дискусија за задолжително вакцинирање“, рече Фон дер Лајен.

Австрија веќе потврди дека ќе почне да го спроведува од 1 февруари, а и идниот германски канцелар Олаф Шолц го поддржува задолжителното вакцинирање.

Коронавирус