недела, 28. ноември 2021. Вести денес: 0
home Вести

ЕУ ќе побара поголема транспарентност за вакцините заради борба против дезинформациите

ЕУ ќе побара поголема транспарентност за вакцините заради борба против дезинформациите

Европскиот парламент неделава ќе упати повик за поголема транспарентност во врска со развојот, купувањето и дистрибуцијата на вакцините како противмерка на ширењето дезинформации. Ова е на дневен ред на вечерашната седница на европратениците во Стразбур.

Во нацрт-резолуцијата се наведува дека досега податоците дадени од Европската комисија, производителите на вакцини и земјите од ЕУ се недоволни. Се очекува ЕП в четврток да го повика комитетот да ја покаже целосната содржина на потпишаните договори за снабдување со вакцини и да разјасни дали овие договори се прекршени.

Европратениците се очекува да инсистираат на појаснување на сумите од европскиот буџет во развојот на вакцините како и за договорените цени за испорака. Нацрт -резолуцијата ги повикува да побараат објавување на детални податоци од клиничките испитувања на вакцини, што може да помогне да се отфрли двоумењето на луѓето да се вакцинираат, како и да се спротивстави на дезинформациите, се вели во соопштението на ЕП.

Коронавирус