четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 154
home Вести

ЕУ ќе ги искористи замрзнатите средства од руските олигарси за обновување на Украина

ЕУ ќе ги искористи замрзнатите средства од руските олигарси за обновување на Украина

Европската унија бара начин како да ги искористи замрзнатите средства на руските олигарси за финансирање на обновувањето на Украина по војната, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

– Нашите адвокати интензивно работат на изнаоѓање можни начини за искористување на замрзнатиот имот на руските олигарси за обновување на Украина. Мислам дека и Русија треба да даде свој придонес, изјави претседателката на ЕК за германската телевизија ЗДФ.

Комисијата во средата предложи заем од девет милијарди евра за Украина, со цел да ја одржи земјата додека се бори во одбрана од руската инвазија

Коронавирус