четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 79
home Вести

ЕУ ќе додели два милиони евра за настраданите на протестите во Белорусија

ЕУ ќе додели два милиони евра за настраданите на протестите во Белорусија

Европската унија ќе одвои два милиони евра во наредните денови, кои ќе бидат дистрибуирани преку невладини организации за поддршка на настраданите на протестите во Белорусија. Ова го изјави еврокомесарот за проширување Оливер Верхели при пристигнувањето на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Берлин.

– Дел од средствата веќе се подготвени за дистрибуција. Буквално во блиска иднина ќе можеме да обезбедиме два милиони евра за поддршка на луѓето погодени од протестите, рече тој.

Претходно, ЕК објави дека еден милион евра ќе одат за развој на граѓанското општество, два милиони евра за поддршка на настраданите во протестите и 50 милиони евра за борба против пандемијата на коронавирус, а сите парични средства ќе бидат распределени во невладини организации.

Коронавирус