четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 6
home Вести

ЕУ ќе додели дополнителни средства за мигрантите во Шпанија и Грција

ЕУ ќе додели дополнителни средства за мигрантите во Шпанија и Грција

Европската комисија денеска соопшти дека итно ќе додели дополнителни средства за Шпанија и Грција, наменети за подобрување на условите во центрите за прием на мигранти во овие две земји.

Со планот се предвидува доделување на 25,6 милиони евра за потребите на мигрантските центри во шпанските енклави во Африка, Сеута и Мелиља, како и 20 милиони евра за бегалскиот камп на грчкиот остров Лезбос.

Европската комисија годинава обезбеди над една милијарда евра за итна помош на мигрантите, кои им се доделени на Бугарија, Германија, Грција, Италија, Хрватска, Шведска и Шпанија.

Вкупно во изминативе четири години од Буџетот на ЕУ за миграцијата се обезбедени речиси 11 милијарди евра, во кои се вклучени и средствата наменети за зајакнување на контролата на границите.

МИА

Коронавирус