вторник, 2. март 2021. Вести денес: 177
home Вести

ЕУ ја поздрави одлуката на Бајден да ги врати САД во Парискиот договор за борба против климатската криза

ЕУ ја поздрави одлуката на Бајден да ги врати САД во Парискиот договор за борба против климатската криза

ЕУ ја поздрави одлуката на новоименуваниот претседател Џозеф Бајден да ги врати Соединетите Американски Држави во Парискиот договор и веќе денеска ги најави првите контакти со американската администрација за заедничка борба за заштита на климата.

„Се радуваме на враќањето на САД на наша страна во водењето на глобалните напори за борба против климатската криза. Климатската криза е главниот предизвик на нашето време и може да се реши само со комбинација на сите наши сили“, порачаа во заедничката изјава високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ Жозеп Борел и потпретседателот на ЕК, Франс Тимерманс.

Европската комисија најави дека Тимерманс денеска телефонски ќе разговара со американскиот специјален претседателски пратеник за климата, џон Кери, за подготовката на климатскиот самит во Глазгов во ноември 2021 година.

Коронавирус