вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

ЕУ ја осуди „руската информатичка шпионажа“ и се заканува со санкции

ЕУ ја осуди „руската информатичка шпионажа“ и се заканува со санкции
13 Jun 2006; Russia, Moscow. The first EU-Russian meeting devoted to development of a single financial services market took place in the European Commission Delegation to Russia office. (Photo by Alexander Miridonov/Kommersant)

Европската унија ја осуди во петокот „неприфатливата информатичка шпионажа на Русија“ против европските политички челници и размислува за мерки за нејзино санкционирање.

„Некои земји членки на ЕУ забележале злонамерни информатички активности означени како ‘Ghostwriter’ и ги поврзале со руската дражава“, истакна шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, во писмена изјава во името на 27-те земји членки.

„Овие активности се беприфатливи, бидејќи сакаат да ги загрозат нашите интегритет и нашата безбедност, вредностите и демокртски начела, како и темелното дејствување на наштите демократии (…) така што овозможуваат дезинформирње и манипулирање со информациите“, предупредува Борел.

Нападите наводно биле насочени против парламентарни пратеници, државни службеници, политичари, новинари и припадници на невладиниот сектор, а биле изведувањени со пристап во информатичките системи, во персонални компјутери и кражба на податоци, се додава во соопштението.

Германската влада претходно ги обвини руските тајни служби за „phishing“ напади или мрежна кражба на идентитети чијашто цел биле германски пратеници и ги осуди обицие за влијание врз германските парламентарни избори кои се одржуваат во недела. Германското правосудство води истрага поради „сомневање во активности на странски разузнавачки служби“.

Москва, како и во претходните слични обвинувања, негира вмешаност на руската држава, наведува дека не се дадени никави докази и аргументи. Руската државна изборна комисија објави претходно седмицава дека во текот на неодамнешните тридневни парламентарни избоди за Думата се регистрирани десетина силни хакерски напади врз компјутерски мрежи во Русија кои доаѓале од странство.

„ЕУ и нејзините членки остро ги осудуваат овие злонамерни кибернетички активности со коишто сите вмешани страни мора веднаш да престанат. Ја повикуваме Руската Федерација да ги прифати стандардите на одговорно однесување на земјите во информатичкиот простор. ЕУ на ова прашање ќе се наврати на следните состаноци и ќе размисли за воведува нови мерки“, истакнува Борел заканувајќи се со нови покрај стотиците санкции на Брисел против Москва.

Локални избори 2021