петок, 22. јануари 2021. Вести денес: 163
home Вести

ЕУ изрази жалење поради најавата за нови американски царини

ЕУ изрази жалење поради најавата за нови американски царини

Европска Унија денеска изрази жалење поради најавата на САД да вовдат дополнителна царина за француските и германските производи, како дел од спорот поврзан со авиопроизводителите Ербас и Боинг.

Брисел истакна дека Вашингтон еднострано ги прекршил тековните преговори и најави дека ќе бара решение со администрацијата на Џо Бајден.

ЕУ наведе дека ја контактира новата администрација на САД што е можно побрзо за да ги продолжи овие преговори и да најде трајно решение за спорот.

САД најавија дека ќе воведат дополнителни царини за француските и германските производи како дел од долготрајниот спор околу субвенциите за производителите на авиони Ербас и Боинг.

Коронавирус