петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 114
home Вести

ЕУ: Ирското Море ќе биде граница после Брегзит

ЕУ: Ирското Море ќе биде граница после Брегзит

Функционери од Европската унија, кои имаат пристап до информациите за преговорите за Брегзит, велат дека најголемата пречка за постигнување договор е „речиси решена“, јави Бета.

Изворите од ЕУ велат дека главниот преговарач на ЕУ Мишел Барние рекол дека Ирското Море ќе биде царинска граница меѓу Унијата и Велика Британија, со што ќе се избегне видлива копнена граница на ирскиот остров. Но, таквиот договор би ја ставил Северна Ирска во посебна положба.

Европските функционери појаснуваат дека разговорите се „активни“, дополнувајќи дека преговарачите работат на политичка декларација, која се уште не е правно обврзувачки документ.

– Неколку сложени технички прашања допрво треба да бидат решени, тврдат европските функционери.

Преговарачките тимови од ЕУ и Велика Британија во Брисел разговараа со цел да се постигне договор за Брегзит, кој е предвиден за 31 октомври, со цел по излегувањето од Унијата, идните односи меѓу Лондон и Брисел да бидат соодветно уредени.