понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 64
home Вести

ЕУ и Кина на чекор до договор за бизнис инвестиции

ЕУ и Кина на чекор до договор за бизнис инвестиции

Европската унија и Кина се близу до долгоочекуваниот договор за деловни инвестиции, јави Би-Би-Си.

Договорот се очекува да биде финализиран оваа недела. Тоа ќе им овозможи на компаниите од ЕУ подобар пристап до кинескиот пазар и ќе ги подобри условите за конкуренција.

Преговорите почнаа во 2014 година, но со години немаше голем успех поради голем број прашања. Претставниците изјавија дека трговските тензии меѓу САД и Кина помогнале во промена на позицијата на Кина.

Според медиумот, договорот ќе го отвори кинескиот производствен сектор за европските компании, вклучително и во областите градежништво, маркетинг, воздушен транспорт и телекомуникации.

Едно од најспорните прашања беше барањето на Кина за пристап до пазарот на енергија во ЕУ. Договорот се очекува да му овозможи пристап на Пекинг до мал дел од европскиот сектор за обновлива енергија на реципрочна основа.

Откако ќе биде одобрен, договорот мора да биде ратификуван од Европскиот парламент, процес што може да не почне пред втората половина на 2021 година.

Европската комисија вчера објави напредок во разговорите со Пекинг, вклучително и за клучното прашање за работничките права во азиската земја. Од Кина беше побарано да се посвети на почитување на правилата на Меѓународната органзиација на трудот.

Коронавирус