среда, 30. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

ЕУ ги прошири санкциите за Северна Кореја

Покрај тоа, само под санкциите на ЕУ се наоѓаат уште 41 лице и 10 ентитети во Северна Кореја.
ЕУ ги прошири санкциите за Северна Кореја

Европската Унија ги прошири санкциите за Северна Кореја поради активностите поврзани со развојот на нуклеарната и ракетната програма, а Советот на Унијата денеска објави дека со нив се опфатени 16 лица и Министерството за национални вооружени сили (МПАФ).

Тие беа додадени на листата со санкции, која се однесува на замрзнување на имотот и забрана за патување, врз основа на резолуцијата на Советот за безбедност усвоена на 22 декември минатата година.

Од ОН соопштија дека со ова бројот на лица опфатени со рестриктивни мерки е зголемен на 79 лица, како и на 54 ентитети.

Покрај тоа, само под санкциите на ЕУ се наоѓаат уште 41 лице и 10 ентитети во Северна Кореја.

Најавено е дека во наредните недели ЕУ најверојатно ќе донесе дополнителни мерки против Северна Кореја. 

Коронавирус