сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 90
home Вести

ЕУ ги повикува членките да ги интензивираат подготовките во случај на неуспех на преговорите за Брегзит

ЕУ ги повикува членките да ги интензивираат подготовките во случај на неуспех на преговорите за Брегзит

Земјите на ЕУ и компаниите треба да ги „интензивираат подготовките“ за последиците кои ќе настапат кога Велика Британија ќе ја напушти ЕУ, особено во случај на неуспех на преговорите за постигнување на договорено разидување предвидено до крајот на март 2019 година, соопшти денеска Европската Комисија.

Комисијата денеска објави текст во кој ги повикува земјите членки и приватните актери да ги интензивираат своите подготовки и да ги предвидат сите сценарија.

– Велика Британија на 30 март 2019 година ќе ја напушти ЕУ и ќе стане трета земја. Ова ќе има последици за граѓаните, компаниите и администрацијата во Велика Британија и во ЕУ, се наведува во соопштението.

Комисијата наведе дека доколку договорот за излез на Британија од ЕУ не биде ратификуван пред 30 март 2019 година, нема да има период на транзиција, кој би требало да трае до 31 декември 2020 година и правото на ЕУ ќе престане да се применува во Велика Британија.

Се наведуваат разни можни последици, од нови контроли на надворешната граница на ЕУ кон Велика Британија преку важноста на дозволите издадени во Британија, потврда и авторизација, до различни прописи за пренос на податоци.

Се додава дека „иако ЕУ деноноќно работи на постигнување договор кој би обезбедил организиран  излез на Британија од Унијата, тој излез без сомнеж ќе предизвика пореметување“, како на пример во ланците за снабдување на компаниите, без оглед дали постои договор или не.

–  Сега сите треба да ги забрзаат подготовките за сите сценарија и да преземат одговорност за својата конкретна ситуација, се наведува во соопштението.

Доколку се постигне договор со Британија и се ратификува пред 30 март, така да може да стапи на сила на твој датум, ќе биде применет период на транзиција до 31 декември 2020 година, законот на ЕУ од тој датум престанува да важи во Велика Британија.

МИА

Коронавирус