четврток, 13. декември 2018. Вести денес: 136
home Вести

ЕУ бара соодветна медицинска помош за Олег Сенцов

ЕУ бара соодветна медицинска помош за Олег Сенцов

Украинскиот режисер, Олег Сенцов, кој почна штрајк со глад во затвор откако беше уапсен во Крим е во се полоша здравствена состојба.

Високата претставничка за надворешни работи на Европска унија, Федерика Могерини побара од Русија да му пружи н Сенцов „соодветен третман“ во медицинска установа и во согласност со препорака на Европскиот суд за човекови права од 25 јули.

– ЕУ очекува меѓународните стандарди за човеки права да бидат почитувани на Полуостровот и сите нелегално затворени украински граѓани во Русија и на Крим да бидат ослободени без одлагање

Сенцов беше уапсен затоа што протестираше против анексијата на Крим од страна на Руската Федерација на 10 мај 2014 година и е осуден на дваесет години затвор за „учество во терористичка група“.

Француски весник „Ле Монд“, вчера објави едиторијал во кој бара од Франција и од ЕУ итно да протестираат и да им порачаат дека случајот со Сенцов е неприфатлив.

– Европските лидери можат и мораат да направат повеќе. Тие не можат да го игнорираат фактот дека во минатотот Владимир Путин бил чувствителен на притисокот на јавноста и на лидерите. Михаил Ходорковски, Пуси Рајот, украинската пилотка Надја Савченко сите беа ослободени предвреме. Се уште постои надеж и треба да се зграпчи, повикува редакција на еден од највлијателните француски дневни весници.

Сенцов на 14 мај почна штрајк со глад за да протестира против затворањето на 70 Украинци од страна на Русија од политички причини.

(Миа)